Успешен настап на КУД „Охриѓанка“ во Сараево

Ветеранската група на КУД „Охриѓанка” во периодот од 22 до 27 февруари 2017, имаше турнеа и настап на Интернационален Фолклорен Фестивал „Ритам срца” во Сараево, Босна и Херцеговина.

Културно Уметничкото Друштво ,,Охриѓанка” уште еднаш ја оправда својата улога на чувар и амбасадор на традицијата и фолклорот од охридскиот регион и македонската традиција со својот настап на 25 февруари во универзалната сала во Сараево. Беа изведени сплет игри и песни од охритско и женското оро „Водарки”.

Присутната публика беше воодушевена од настапот на гостите од Македонија, кои се секогаш добредојдени и наидуваат на топол прием од страна на Босанската публика, ако се земе во предвид високото место кое македонскиот фолклор го има на меѓународната сцена.

Културно уметничкото друштво наиде на срдечен и топол прием од страна на организаторот на фестивалот, како и од страна на самата публика.