Пронајдена дрога кај охриѓанец

НК за КР Струга поднесе кривична пријава против Н.Т. (53) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

На 13.12.2016 година во с.Збажди, струшко, од страна на полициски службеници извршен бил претрес во домот на пријавениот каде била пронајдена и одземена 0,16 грама марихуана.