Во сообраќајка на ул. „Јане Сандански“ тешко повредена 67-годишна жена

На 01.03.2017 година во 14.45 часот во Охрид, на ул. „Јане Сандански“ се случила сообраќајна незгода во која ПМВ „Мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, управувано од М.Ј. (22) од Охрид, удрило во пешакот Ѓ.В. (67) од Охрид.

Во незгодата Ѓ.В. се здобила со тешки телесни повреди, по што била пренесена во Медицински центар Охрид, каде и била укажана лекарска помош, по што била префрлена и задржана во СБТ „Св.Еразмо“ на понатамошно лекување. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Охрид.