Агенцијата за туризам на саем во Унгарија

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија по втор пат го промовира туристичкиот потенцијал пред унгарски туристи за време на саемот за туризам во Будимпешта, Унгарија (HUNGEXPO).

Пред публика од 32.000 посетители и бројни тур-оператори, организации и институции, преку најразлични алатки за промоција беа претставени убавините на Македонија и потенцијалот за инвестирање во туристичката индустрија.

Интересот на унгарците е главно насочен кон запознавање на нашата култура и историја, а од круцијално значење за туристите од оваа држава се авто-камповите поради фактот дека поголемиот процент од нив транзитираат низ земјава со идеа да поминат што поголем број на земји од балканот за време на нивните летни одмори.

Претставници на Агенцијата за туризам остварија средби со унгарски тур-оператори, а посебно ставија акцент на оние кои веќе во своите понуди имаат балкански земји- ExperienceBalkan, PelikanSK, Aviareps Kft.

За зголемување на бројот на унгарски туристи се очекува да придонесе и директната авионска линија на Wizzair, која ќе почне со летови Скопје-Будимпешта-Скопје, од април оваа година.