Универзитетот „Мајка Тереза“ организираше настан по повод 7 Март „Ден на учителот“ и одбележување на 130 годишнината на првата албанска школа

По повод „7 Март“ и 130- годишнината на првата албанска школа, министерот за образование и наука Пиштар Лутфиу, присуствуваше на настан кој се одржа на Универзитетот „Мајка Тереза„ на кој се говореше за „Подемот на албанското образование во Скопје”, а беше во организација на Културно Информативниот Центар во Скопје.

Министерот Лутфиу истакна дека на овој ден сите ние се потсетуваме на нашите први учители кои не научија на албанските букви, и со многу љубов на научија како треба да се однесуваме. На овој ден исто така се одбележува и 130- годишнината на првата албанска школа и основање на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје.

Кога ние се потсетуваме на 7 март 1887 година, се потсетуваме на првото училиште на албански јазик во градот Корча во Албанија. Отворањето на првото албанско училиште во Корча беше историски момент и голема победа за албанскиот народ затоа што до тогаш наставата се изведуваше во тајност во приватни домови. Во спомен на овој настан 7 март се одбележува како „ Ден на учителот“.

Нашиот предизвик е да обезбедиме квалитет во образование, како неопходност во контекст на интеграција и достигнување на европските стандарди.

Нашиот народ секогаш ќе го одбележува и ќе го слави 7 март бидејќи овој датум претставува голем и важен настан во историјата на образованието и културата на Албанците.

Исто така, министерот Лутфиу честитајќи им „7 Март“ на сите наставници, професори и педагози потенцираше дека нашето општество има неизбришлив долг на благодарност кон сите оние кои се жртвуваа со цел да се заштитат вредностите на јазикот, културата, историјата и традициите пренесувајќи ги од генерација на генерација.

Честит „7 Март“ и 130 – годишнината на првото албанско училиште.