Прво и второ место за основци од „Григор Прличев“ на регионалниот натпревар по германски јазик

На регионалниот натпревар по германски јазик кој се одржа во Гостивар на 4.3.2017. година учениците од ОУ „Григор Прличев“ покажаа врвни резултати.

Ученичката Сара Ристова IX одд го освои првото место, додека ученикот Валентин Маркулевски IX одд го освои второто место. За поздравување е и нивната менторка, професорката по германски јазик Билјана Атанасовска.