Уште една седмица за пријавување на приходите во УЈП

Наближува крајниот рок за поднесување на Годишна даночна пријава 15-ти Март, граѓаните имаат уште една седмица да ги пријават приходите во Управата за јавни приходи. Потсетуваме дека работното време на даночните канцеларии на УЈП е:

1. секој работен ден од 08.30 до 18.00 часот и сабота од 08.30

до 14.00 часот

Регионалните дирекции (Скопје, Битола, Прилеп, Штип, Струмица и Тетово);

Дирекција за големи даночни обврзници Скопје (зграда на ССМ)

Даночни одделенија (Охрид, Струга, Ресен, Кавадарци, Велес, Неготино, Куманово, Крива Паланка, Кочани, Виница, Свети Николе, Берово, Гевгелија, Радовиш, Гостивар, Кичево и Дебар).

2. секој работен ден од 08.30 до 16.30 часот

Даночни шалтери (Демир Хисар, Македонски Брод, Крушево, Кратово, Делчево, Пробиштип и Валандово); и
Мобилните даночни шалтери (види возен ред http://www.ujp.gov.mk/mk/otvoreni_povici/pogledni/316)

За точна адреса, локација и работно време на даночните канцеларии, види и http://www.ujp.gov.mk/mk/kontakt

Корисни информации

Брошура „Годишна даночна пријава за утврдување на персоналниот данок на доход“ (види http://www.ujp.gov.mk/mk/publikacii/pogledni/2)

Поднесени Годишни даночни пријави заклучно со 04.03.2017 година
Регионална дирекција на УЈП Поднесени
ПДД-ГДП Електронски
ПДД-ГДП ВКУПНО
Скопје 79378 626 80004
Битола 27558 78 27636
Прилеп 32154 74 32228
Струмица 21101 82 21183
Тетово 13606 70 13676
Штип 41859 109 41968
ВКУПНО 215656 1039 216695

(01.03.2017) Соопштение „Отворени дополнителни шалтери за поднесување на Годишна даночна пријава во Скопје“

За сите дополнителни информации и помош при пополнувањето на Годишната даночна пријава, граѓаните можат да се обратат во Инфо центарот 0800 33 000 или да побараат помош од даночните агенти во даночните канцеларии.