СВР Охрид поднесе кривична пријава против Н.М.(38) од Охрид за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. При извршен претрес во домот на пријавениот, како и на тезга лоцирана на градскиот пазар во Охрид каде пријавениот работел се пронајдени 5,3 грама наркотична дрога марихуана, 0,4 грама мешавина од тутун и марихуана и 1,8 грама гранчиња и семки од растението канабис сатива.