СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.Д. (25) од Охрид и Г.Д. (18) од с.Горно Лакочереј поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело разбојништво.
На 24.02.2017 година околу 16.50 часот во с. Лакочереј, додека Т.Д. (83) седел во хаварисано возило, дошле пријавените ја отвориле вратата од возилото и почнале да го удираат по главата нанесувајќи му телесни повреди, по што му одзеле околу 19.000 денари. Од страна на судија на претходна постапка на А.Д. му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.