Кривична за лице од с.Баланци поради узурпација на недвижности и бесправно градење

Поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „узурпација на недвижности“ и „бесправно градење“, полициската станица од Дебар поднесе кривична пријава против З.И. (53) од селото Баланци- општина Центар Жупа.

Пријавениот, како сопственик и управител на занаетчиската фирма “Еуропласт“ во Центар Жупа, во периодот од февруари до август 2016 година, во областа ,,Фидо нивје“, општина Центар Жупа, без одобрение, отпочнал со градба на деловен објект со површина од 450 метри квадратни. Тоа го направил иако знаел дека местото со површина од 1357 метри квадратни е сопственост на Република Македонија а дадено е на стопанисување на Јавното претпријатие „Македонски шуми“.

И покрај тоа, пријавениот на државното земјиште кое се наоѓа од левата страна од патот Дебар-Центар Жупа, со цел владение, зазел туѓо земјиште и без одобрение, отпочнал со градба на деловен објект, извршил ископ и бетонирање на темели, подигнал 19 бетонирани столбови а внатрешноста на објектот ја исполнал со крупен песок.

На тој начин, сега пријавениот З.И. бесправно се стекнал со имот од 1357 м² државно земјиште односно противправно се стекнал со имотна корист од 666.015,оо денари на штета на Буџетот на Република Македонија.