Врз основа на член 39 од Законот за локалната самоуправа („Сл.весник на РМ“ бр.5/2002) и член 26 од Статутот на општината Охрид („Сл.гласник на општина Охрид“ бр.8/2007), Претседателот на Советот донесува:
Р Е Ш Е Н И Е
ЗА СВИКУВАЊЕ НА ШЕЕСЕТ И ДЕВЕТТАТА СЕДНИЦА
НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД
ЈА СВИКУВАМ шеесет и деветтата седница на Советот на општина Охрид на ден 14.03.2017 година (вторник) со почеток во 10,30 часот.
Седницата ќе се одржи во зградата на општина Охрид.
За седницата го предлагам следниот:
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Предлог Одлука за усвојување на Извештајот за реализација на развојната програма за поттикнување на развојот на туризмот на општина Охрид 2016 – 2018 за периодот од 01.01. – 31.12.2016 година.
- Предлог Одлука за усвојување на Извештајот за реализација на програмата за поддршка на локалниот економски развој на општина Охрид за периодот од 01.01. – 31.12.2016 година.
- Предлог Одлука за усвојување на Извештајот за реализација на програмата за изработка на урбанистички планови на територијата на општина Охрид за 2016 година.
- Предлог Одлука за усвојување на Извештајот за работата на територијалната противпожарна единица – Охрид за периодот од 01.01. – 31.12.2016 година.
- Предлог Одлука за усвојување на Извештајот за работењето на Одделението за даноци за периодот 01.01. – 31.12.2016 година.
- Предлог Одлука за усвојување на Извештајот за работењето на Одделението за комунални такси за периодот 01.01. – 31.12.2016 година.
- Предлог Одлука за усвојување на Извештајот за реализација на програмата за заштита на животната средина и природата за периодот 01.01. – 31.12.2016 година.
- Предлог Одлука за усвојување на Извештајот за реализација на програмата за одржување на јавна чистота за 2016 година.
- Предлог Одлука за усвојување на Извештајот за реализација на програмата за одржување и користење на паркови и зеленило за 2016 година.
- Предлог Одлука за усвојување на Извештајот за работењето на Секторот за спорт, млади и невладини организации за 2016 година.
- Предлог Одлука за усвојување на Извештајот за работата на Секторот за образование, детска, социјална и здравствена заштита за периодот 01.01. – 31.12.2016 година.
- Предлог Одлука за усвојување на Извештајот за работењето на Секторот за меѓународна соработка, соработка со УНЕСКО и култура за 2016 година.
- Предлог Одлука за усвојување на Извештајот за реализација на развојната програма за уредување на градежно земјиште за 2016 – 2018 година за периодот од 01.01. – 31.12.2016 година.
- Предлог Одлука за усвојување на Извештајот за реализација на развојната програма други комунални услуги за 2016 – 2018 година за периодот 01.01. – 31.12.2016 година.
- Предлог Одлука за усвојување на Извештајот за реализација на развојната програма за изградба и реконструкција на локални патишта и улици 2016 – 2018 за периодот од 01.01. – 31.12.2016 година.
- Предлог Одлука за усвојување на Извештајот за реализација на развојната програма за јавно осветлување 2016 – 2018 година за периодот од 01.01. – 31.12.2016 година.
- Предлог Одлука за усвојување на Извештајот за реализација на развојната програма за изградба на системи за одведување и прочистување на отпадни води 2016 – 2018 година за периодот од 01.01. – 31.12.2016 година.
- Предлог Одлука за усвојување на Извештајот за реализација на развојната програма за одржување и заштита на локални патишта, улици и регулирање режим на сообраќај 2016 – 2018 за периодот од 01.01. – 31.12.2016 година.
- Предлог Одлука за усвојување на Извештајот за реализација на развојната програма за изградба на системи за водоснабдување 2016 – 2018 година за периодот од 01.01. – 31.12.2016 година.
- Предлог Одлука за усвојување на Извештајот за реализација на развојната програма за изградба на сообраќајна сигнализација за 2016 – 2018 година за периодот од 01.01. – 31.12.2016 година.
- Предлог Одлука за усвојување на Извештајот за реализација на програмата за енергетска ефикасност за 2016 година.
- Предлог Одлука за усвојување на Извештајот за работата на Комисијата за еднакви можности помеѓу мажите и жените за 2016 година.
- Предлог Одлука за усвојување на Извештајот за слободен пристап до информации од јавен карактер за 2016 година.
- Предлог Одлука за усвојување на Извештајот за реализација на програмата за работа на Советот на општина Охрид за 2016 година.
- Предлог Одлука за усвојување на Годишниот извештај и завршната сметка на буџетот на единицата на локална самоуправа општина Охрид за 2016 година и Извештајот за годишниот попис за 2016 година.
- Предлог Одлука за усвојување на Извештајот за состојбата во областа на јавната безбедност и безбедноста на сообраќајот на патиштата за периодот од 01.07. – 31.12.2016 година.
- Предлог Одлука за усвојување на Извештајот за финансиското работење и годишната сметка за 2016 година на ОУ„Христо Узунов“ Охрид.
- Предлог Одлука за усвојување на Извештајот за финансиското работење и годишната сметка за 2016 година на ОУ„Григор Прличев“ Охрид.
- Предлог Одлука за усвојување на Извештајот за финансиското работење и годишната сметка за 2016 година на ОУ„Св.Климент Охридски“ Охрид.
- Предлог Одлука за усвојување на Извештајот за финасиското работење и годишната сметка за 2016 година на ОУ„Братство Единство“ Охрид.
- Предлог Одлука за усвојување на Извештајот за финансиското работење и годишната сметка за 2016 година на ОУ„Кoчо Рацин“ Охрид.
- Предлог Одлука за усвојување на Извештајот за финансиското работење и годишната сметка за 2016 година на ОУ„Живко Чинго“ с.Велгошти.
- Предлог Одлука за усвојување на Извештајот за финансиското работење и годишната сметка за 2016 година на ОУ„Ванчо Николески“ с.Лескоец.
- Предлог Одлука за усвојување на Извештајот за финансиското работење и годишната сметка за 2016 година на ОУ„Св.Наум Охридски“ с. Пештани.
- Предлог Одлука за усвојување на Извештајот за финансиското работење и годишната сметка за 2016 година на ОМУ„Методи Патче“ Охрид.
- Предлог Одлука за усвојување на Извештајот за финансиското работење и годишната сметка за 2016 година на ОСУ„Св. Климент Охридски“ Охрид.
- Предлог Одлука за усвојување на Извештајот за финансиското работење и годишната сметка за 2016 година на СОСУ„Св. Кирил и Методиј“Охрид.
- Предлог Одлука за усвојување на Извештајот за финансиското работење и годишната сметка за 2016 година на ОЕМУЦ„Св.Наум Охридски“ Охрид.
- Предлог Одлука за усвојување на Извештајот за финансиското работење и годишната сметка за 2016 година на ОУТУ„ Ванчо Питошески“ Охрид.
- Предлог Одлука за усвојување на Извештајот за финансиското работење и годишната сметка за 2016 година на ЈОУДГ за деца „Јасна Ристеска“ Охрид.
- Предлог Одлука за давање согласност на Одлуката за усвојување на годишниот извештај за работа на ОЈУ отворен граѓански универзитет за доживотно учење „Кузман Шапкарев“ – Охрид за 2015/2016 година.
- Предлог Одлука за усвојување на финансискиот Извештај и Извештајот за работата на MЈП„Проаква“ Струга работна единица Водовод Охрид за периодот 01.01. – 31.12.2016 година.
- Предлог Одлука за усвојување на годишната сметка и Извештајот за работењето на ЈП„Нискоградба Охрид“ Охрид за 2016 година.
- Предлог Одлука за усвојување на Извештајот од работењето и остварените резултати на ЈП Градски Пазар Охрид за периодот од 01.01. – 31.12.2016 година.
- Предлог Одлука за усвојување на Извештајот за остварените резултати од работењето на ЈП„Охридски Комуналец“ – Охрид за периодот од 01.01. – 31.12.2016 година.
- Предлог Одлука за усвојување на годишната сметка и Извештајот од работењето и остварените резултати на ЈП„Грaдски Гробишта“ Охрид за периодот од 01.01. – 31.12.2016 година.
- Предлог Одлука за усвојување на годишната сметка и Извештајот за работењето на ЈП„Билјанини Извори“ – Охрид за 2016 година.
- Предлог Одлука за инвестирање во инфраструктурно уредување на пристапот во објектот ЈЗУ Специјална болница за ортопедија и трауматологија „Св.Еразмо“ Охрид.
- Предлог Одлука за исплата на долгот на ОУ„Григор Прличев“ Охрид кон ЕВН Македонија за потрошена електрична енергија.
- Предлог Одлука за усвојување на програмата за спроведување на општи мерки за заштита на населението од заразни болести за 2017 година.
- Предлог Одлука за усвојување на програмата за работа на општинскиот Совет за безбедност на сообраќајот на патиштата во општина Охрид за 2017 година.
- Предлог Одлука за давање согласност на Одлуката за усвојување на годишниот план за вработување во ЈП„Билјанини извори“ – Охрид за 2017 година.
- Предлог Одлука за измена и дополнување на Одлуката за утврдување потреба од донесување на проект за инфраструктура за пешачка патека Табана – Канео – Лабино.
- Предлог Одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко планска документација за усогласување на намената на земјиштето на Кп.бр.1, Кп.бр.2 и Кп.бр.3627 КО Елшани.
СОВЕТ НА ОПШТИНА ОХРИД
Претседател
Гордана Коњановска