Улицата „Питу Гули“ е еднонасочна!?! Не е, но овој знак веќе денови наназад ги збунуваше возачите.
Станува збор за сообраќајниот знак „Забрана за сообраќај во една насока“, кој кога го гледате од кружниот тек помеѓу улиците „Сирма Војвода“ и „Јане Сандански“ делува како да е забранет приодот кон улицата „Питу Гули“.
Утрово, по укажувањето од нашиот фоторепортер, а благодарение на вработените во ЈП „Охридски Комуналец“ кои се најдоа на лице место, овој знак беше вратен во неговата првобитна положба.
WebOhrid