Државната награда „Мајка Тереза” се доделува за особено значајни остварувања од интерес на државата во областа на хуманоста и човечката солидарност и за поттикнување, унапредување на меѓусебното разбирање и развој на соработката како меѓу народите, така и меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери …
Одборот за доделување на државната награда „Мајка Тереза”, во согласност со Законот за државните награди („Службен весник на РМ” бр.52.06), Законот за изменување и дополнување на Законот за државните награди (,,Сл.весник на РМ,, бр.54/07 и 74/12) и Правилникот за работа на Одборот на својата седница одржана на 16.6.2014 година донесе
О Д Л У К А
за доделување на државната награда „Мајка Тереза” во 2014 година за особено значајни остварувања од интерес на државата во областа на хуманоста и човечката солидарност и за поттикнување, унапредување на меѓусебното разбирање и развој на соработката како меѓу народите, така и меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери
I. За остварување во областа на хуманоста и човечката солидарност државната награда и се доделува на:
– Поликсена Илиоска
II. Оваа Одлука стапува во сила од денот на донесувањето, а ќе биде објавена во „Службен весник на РМ”.
Наградата на добитникот ќе биде врачена на 26.8.2014 година во 14 часот (вторник) во Собранието на Република Македонија .
ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ОДБОРОТ
ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДРЖАВНАТА
НАГРАДА „МАЈКА ТЕРЕЗА“,
проф. д-р Горан Ајдински