Во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид денес се одржа втората прелиминарна аудиција со вториот дел од кандидатите пријавени за Талент шоуто Ohrid SUPERSTAR.
„Денес имавме уште еден фантастичен ден исполнет со СУПЕР дружење со нашите нови пријатели од втората група пријавени таленти на Ohrid SUPERSTAR. Во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид слушавме нови пејачи, Стенд Ап талент, Beat Box и многу позитивна енергија, насмевки, но и малку трема која заедно со менторите и жири комисијата умешно ја надминаа. И денес поминаа сите кандидати, откако претходно работеа со менторите кои им помогнаа и им открија дел од тајните на пеењето“, информираат организаторите.
Додаваат дека веќе во втората половина на март ќе следуваат и двете елиминациони аудиции.
Во текот на април е предвидено големото полуфинале и финале. Најдобрите ќе се одбираат по две основи: според гласовите на жири Комисијата и според гласањето на публиката, што ќе важи само за полуфиналната и финалната вечер, велат од Супер радио, од каде испраќаат и официјална благодарница до компаниите кои ги поддржаа младите таленти од Охрид и Струга: ПН Метал, Жито леб и Винчини.
За најдобрите се обезбедени богати награди – парична награда од 2.000 евра, снимање на песна и видео спот со Даниел Јовески и старт на Тв и Радио проект. Сите заинтересирани ќе можат да добијат дополнителни информации и на официјалната страна на Facebook.
Носители на проектот се Супер радио и охридските „Тамаро“ маркети, а главен медиумски партнер е регионалната О2 телевизија. Медиумски поддржувачи се и порталите: Ohrid1, OhridNet, OhridPres, WebOhrid, Ohrid24, StrugaOnline и Inpress, како и струшкото Плеј радио.
Видео материјалот од денешната втора прелиминарна аудиција ќе се емитува на програмата на Регионалната О2 телевизија следната сабота, а комплетната фото приказна со денешните таленти ОВДЕ.
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес