Попоски: Треба да се свртиме кон иднината, а не да се занимаваме со платформи кои не влечат назад во минатиот век

Никола Попоски, Вицепремиер во Владата на Р.Македонија и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, говореше за политичката криза во државата дополнително продлабочена со платформата од Тирана, но и економските предизвици кон кои треба да се свртиме.

Според Попоски, ние треба конечно да расчистиме со една перспектива. Дали ќе се свртиме кон иднината и ќе гледаме со што се занимава светот денес и со платформа за која се разговара во светот денес, а тоа е економска платформа и економски напредок. Додека денес се занимаваме со платформи кои не влечат назад во минатиот век и неносат ништо кон оваа платформа за која што се договоривме и која е обединителен фактор во државата.

„Заев носи најголема одговорност со тоа што нетранспарентниот пристап ја подгрева атмосферата и креира една клима на недоверба. Јас мислам дека доколку има некој чекор што би можело да се преземе е да упатиме јасна и недвосмислена порака дека приоритетите не се сменети и дека во однос на тие приоритети она што го правиме е поврзано со членството во ЕУ. Ништо не сугерира дека со враќањето во ние ќе се приближиме кон членството во ЕУ“, заклучува Попоски.

„Во многу елементи потсеќа на еден традиционален балкански пристап, доколку немате капацитет и имате премногу предизвици на домашен терен да се обидете да ја префрлите топката кај соседите или некакво прекугранично лидерство да покажете. Мислам дека тоа е типично и за господинот Рама во оваа ситуација“, изјави Попоски.

Загриженоста е споделена не само помеѓу балканските земји, туку и пошироко бидејки ова се типични пристапи за 90-те години во кои се подгреваше на некој начин нетрпеливост, дополни Попоски.