ПС Струга поднесе кривична пријава против А.Ш. (25) од с.Лабуништа, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
На 23.12.2016 година извршен е претрес во дом и други простории кај пријавениот, при што биле пронајдени 17 парчиња муниција различен калибар: два куршуми со калибар 9 мм од чешко производство, еден куршум со калибар 9 мм од германско производство и 14 куршуми со калибар 7,62 мм од кинеско производство. Пронајдената муниција е наменета за испалување од огнено оружје – полуавтоматски пиштол и од автоматско огнено оружје.