Секторот за внатрешни работи Битола поднесе кривична пријава против лицето И.Д (53) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ убиство“ по чл.123 ст.1 и ст.2 од Кривичниот законик на Република Македонија. Пријавениот делото го направил на крајно свиреп начин и тоа со повеќе удари со тап тврд предмет, најверојатно сукало, кое го имал дома, и на жртвата и нанел смртоносни повреди во пределот на главата.
Пријавениот, на 13.03.2017 околу 09.52 часот во СВР Битола, пријави дека во нивниот семеен дом околу 09.50 часот ја пронашол неговата сопруга Е. Д.,(47) од Битола падната на подот во дневната соба целосно облиена во крв во горниот дел, особено во пределот на главата, без знаци на живот. Екипа на СВР Битола, во присуство на Јавен обвинител, извршила увид на местото на настанот при што е констатирано дека во дневната соба, без знаци на живот, се наоѓа сега починатата Е.Д(47). Смртта ја констатирал лекар од службата за Итна медицинска помош Битола, а по Наредба на Јавен обвинител над телото на починатата е извршена обдукција.
Инаку, во станот, освен тековно растурање, не се забележани растурања од евентуален упад на лица со материјален мотив за вршење на кривично дело, а во станот имало лап топ компјутери , мобилни телефони и други вреди предмети.
Од страна на крим техника не се констатирани траги од насилно влегување во станот. Предмети и траги, како и комплетната облека на пријавениот, биле подигнати и испратени на вештачење во Министерството за внатрешни работи на Р.Македонија. На облеката на пријавениот биле забележани траги слични на крв (особено во долниот дел на облеката), кои упатуваат и оставаат сомнеж дека пријавениот се јавувава како можен извршител на делото.