УЈП: Прием на годишни даночни пријави до 20:00 часот!

Денеска (15 март) истекува рокот за поднесување на Годишната даночна пријава за поднесување на персонален данок на доход (образец ПДД-ГДП) за приходите остварени во изминатата 2016 година.

Со цел граѓаните да можат да ја поднесат даночната пријава во законскиот рок, сите даночни канцеларии на УЈП за прием на Годишните даночни пријави денеска ќе работат со продолжено работно време до 20:00 часот.
Според последните податоци, поднесени се вкупно 403.316 Годишни даночни пријави.

Од УЈП потсетуваат дека пријавите можат да се поднесат и преку пошта, преку е-Даноци за регистраираните корисници на електронските даночни услуги, како и во дополнителни шалтери во Скопје, лоцирани на приземјето на Дирекцијата за големи даночни обврзници (зграда на ССМ).

За точна адреса, локација на даночните канцеларии, информирајте се преку веб страницата на УЈП (види и http://www.ujp.gov.mk/mk/kontakt).

Поднесени Годишни даночни пријави заклучно со 14.03.2017 година
Регионална дирекција на УЈП
Поднесени
ПДД-ГДП
Електронски
ПДД-ГДП
ВКУПНО
Скопје
158910
1183
160093
Битола
51580
143
51723
Прилеп
54582
132
54714
Струмица
36836
134
36970
Тетово
32502
138
32640
Штип
66973
203
67176
ВКУПНО
401383
1933
403316

За сите дополнителни информации и помош при пополнувањето на Годишната даночна пријава, граѓаните можат да се обратат во Инфо центарот 0800 33 000 или да побараат помош од даночните агенти во даночните канцеларии.