Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата во јануари 2017 година, во однос на јануари 2016 година, изнесува 106.2.
Прометот во индустријата остварен на домашниот пазар во јануари 2017 година, во однос на јануари 2016 година, бележи опаѓање од 10.0%, а прометот остварен на странски пазари бележи пораст од 9.3%.
Гледано по сектори, прометот во индустријата во секторот Рударство и вадење на камен во јануари 2017 година, во однос на јануари 2016 година, бележи опаѓање од 1.1%, а во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 6.5%.
Според главните индустриски групи, прометот во јануари 2017 година, во однос на јануари 2016 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 5.2% и Капитални производи за 12.2%, додека опаѓање бележи кај Tрајни производи за широка потрошувачка за 4.3% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 3.8%.
Индексот на прометот во индустријата во јануари 2017 година, во однос на декември 2016 година, изнесува 96.4.