Oдржан втор круг на преговори меѓу македонските и руските експерти за подготовка на предлог текст на Договор меѓу Македонија и Руската Федерација за соработка во облaста на социјалното осигурување

Во периодот од 14-16 март 2017 година во Скопје, Република Македонија се одржа вториот круг на преговори меѓу делегации на Република Македонија и Руската Федерација за подготовка на предлог текстот на Договорот меѓу Република Македонија и Руската Федерација за соработка во областа на социјалното осигурување.

За време на преговорите се разгледа целокупниот текст на предлог текстот на Договорот, при што се постигна согласност за усогласување на одредбите од договорот, со исклучок на неколку одредби од технички карактер.

Двете делегации се договорија за взаемно доставување на статистички податоци за државјаните на двете земји кои работат на нивните територии, а кои се опфатени со задолжително социјално осигурување. Исто така, се постигна согласност дека руската страна ќе подготви Нацрт текст на Административната спогодба за спроведување на идниот Договор и ќе го достави до македонската страна на разгледување.