Стипендии за студиски престој во Естонија

Се информираат сите заинтересирани граѓани дека во тек е конкурс за доделување на стипендии за 10 месечни студиски престои на Академијата за култура – Виљанди при Универзитетот Тарту во Естонија, за академската 2017/2018 година.

Стипендиите се однесуваат за студиските програми по танцување, театарски уметности, ритмичка музика, традиционална музика, звук и занаети (особено текстил) и се во износ од 7.200 евра за покривање на трошоците за уписнина и сместување. Додека, трошоците за пат и здравствено осигурување, се на товар на кандидатите.

Потребни документи за пријавување: кратка биографија, избор на специјализација, предлог план со предмети, мотивациско писмо, копија од пасош или од лична карта, копија од последната диплома, вклучително и потврда за научен степен и уверение со оценки, портфолио согласно барањата на соодветната спецификација.

Сите документи треба да бидат доставени на англиски или естонски јазик и истите, се доставуваат електронски на liina.junolaine@ut.ee или по пошта на следната адреса: University of Tary Viljandi – Culture Academi, Posti 1, 7004 Viljandi, Estonia.

Крајниот рок за аплицирање е 1 април 2017 година.