На 16.03.2017 година во 16.20 часот на регионалниот пат Струга – Дебар, во с.Велешта, се случила сообраќајна незгода помеѓу ПМВ „БМВ“ со австриски регистарски ознаки, управувано од С.П.(42) од с.Добовјани и ТМВ-Влекач „Ман“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Л.Ј. (35) од с.Делогожда.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле Ш.О. (52) од Охрид и Е.И. (80) од с.Велешта, сопатниците во ПМВ „БМВ“, додека В.П. (25) и К.П. (18), двајцата од с.Добовјани, се здобиле со телесни повреди. На повредените им била укажана лекарска помош во Медицински центар Струга, но поради сериозноста на повредите Ш.О. и Е.И. се пренесени во болницата Св.Еразмо Охрид, каде се задржани на понатамошно лекување. Увид на местото на настанот извршила екипа од ПС ОН Струга.