Притворен сторител поради полов напад врз малолетник

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Полов напад врз малолетник кој не наполнил 14 години“, полициската станица од Кичево против Н.М. (49)од Кичево, поднесе кривична пријава. По решение на основниот суд во Гостивар, одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена.

На 18-ти овој месец околу 08 часот и 30 минути, пријавениот извршил полов напад врз осумгодишна малолетничка од Кичево. Настанот се случил откако притворениот ја повикал малолетничката која живеела во соседството да дојде во неговиот дом. Тука тој и ставил селотејп трака на устата по што, без да изврши обљуба почнал да ја допира по телото и да ја бакнува нанесувајќи и модринки и црвенило по вратот.

Полициската станица од Кичево веднаш го приведе Н.М. против кого, досега биле поднесувани пријави за сторени имотни деликти за што бил и затворски осудуван.