Груевски: Очекуваме Хан да повика да се отфрли Тиранската платформа

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски коментирајќи ја актуелната политичка ситуација истакна дека очекува Хан да ја осуди Тиранската платформа направена во туѓа држава.

„Она што ние ќе го понудиме на средбата со Хан е она што и ние го говориме целиот овој период и е во духот на нашата партија, но ние очекуваме Хан да ја осуди Тиранската платформа, ЕУ во 2008-та година ни наметна да коалицираат победниците од македонскиот и албанскиот блок и тоа треба да остане и во иднина“, истакна Груевски.