Објавена снимката од втората аудиција за Талент шоуто Ohrid SUPERSTAR

Oткако во саботата се емитуваше премиерно на програмата на Регионалната О2 телевизија, од денес на YouTube е достапна снимката од втората од двете прелиминарни аудиции со кандидатите пријавени за Талент шоуто Ohrid SUPERSTAR.

На првата и втората прелиминарна аудиција поминаа сите кандидати, а целта беше нашите ментори да вежбаат со кандидатите за да се разбие тремата, но и да се работи на песните со кои се претставуваат. Максимално сме задоволни од кандидатите кои се претставија во одлично светло и покажаа дека сите напори кои се вложени во тоа ова Шоу да изгледа така како што изгледа се оправдани“, велат организаторите.

Во втората половина на март се предвидени двете елиминациони аудиции, од кои првата се одржа вчера, а во текот на април се предвидени и полуфиналната вечер и големото финале. Насоки на младите талентирани охриѓани и стружани вчера повторно им даваа Даниел Јовески, Јовица Каралиевски и Димче Китрозоски, како членови и на Жири комисијата.

Тие велат, дека овој пат имаа навистина тешка работа.

„Вчера во Домот на културата „Григор Прличев“ во Охрид се одржа првата елиминациона аудиција на Ohrid SuperStar, каде имавме многу тешка и одговорна задача и со тешко срце кажувавме „НЕ“, дури и на наши пријатели и познаници. Но едноставно нивото на професионализам и критериум моравме да го подигнеме на високо ниво, бидејќи сакаме да го пронајдеме најталентираниот во овој регион и да не бидеме пристрасни кон никого. Убеден сум дека од Охрид и Струга ќе излезат многу таленти од ова шоу, иако овие градови се мали. Одиме понатаму“, вели Јовески.

Погледнете ја во целост снимката од втората прелиминарна аудиција на Ohrid SUPERSTAR. 

извор: ОхридПрес фото/видео: Супер радио