Институтот за јавно здравје на РМ ќе го одбележи 22ри март – Светскиот ден на водата

Институтот за јавно здравје на РМ денес ќе го одбележи Светскиот ден на водата (22ри март) пред Дом на АРМ, на улица Македонија (зад Мајка Тереза) од 10:30 до 14:00 часот со Саем на вода. 

Граѓаните ќе добијат промотивен материјал со информации за значењето и влијанието на безбедната вода за пиење врз здравјето на населението и превенција од болести поврзани со небезбедна вода за пиење, и податоци од одговорите на анкетата на www.iph.mk за тоа колку и од каде најчесто се информираме за поврзаноста на водата со здравјето.

Годинава светското мото е фокусирано кон отпадните води со кампањата: Зошто отпадни води?

Целта е: генерално да се влијае на свеста да не се загадуваат површинските и подземните води со разни фекалии преку индустрискиот процес. Да се пречистуваат ако се веќе загадени со што се спречува можноста за евентуално наводнување на земјоделските култури, да се спречи дистрибуција на загадени води до сите корисници, и секако заради штедење на водата и зачувување на водените ресурси.

На штадовите на учесници на саемот, производителите на пакувани води: Маја, Кожувчанка, Магрони (Добра и Ладна), и Визијана ќе има по петнаесетминутна програма во која тие ќе информираат за безбедноста и квалитетот на водата што ја произведуваат (пакуваат) и ќе одовараат на прашања.