Милошоски: ВМРО-ДПМНЕ отворено на СДСМ му нуди две решенија- едното е малцинска влада, другото е предвремени парламентарни избори

Како партија ние понудивме две решенија, едното решение е дека доколку Заев смета дека треба да се реализира неговата програма, ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржи, но мора да се откаже од Тиранската платформа. Исто така ВМРО-ДПМНЕ му нуди и брзо решавање на кризата со нови брзи избори заедно со локалните, вели Антонијо Милошоски веднаш по средбата со Хан.

Следната работа за што разговаравме вечерва е околу СЈО и околу мешањето на СЈО во медиумите кои не се под нивна контрола, додека третата тема за која разговаравме е околу националните прашања и околу соседите. Никој не може да решава за државата доколку не бидат прашани мнозинството граѓани во Македонија, порача Милошоски.

„Со Хан разговараме за некои прашања кои беа актуелни овие месеци, ние бевме директни и кажавме дека Македонија е отворена за да ги отпочне преговорите за ЕУ уште од 2009-та година, но ние сме блокирани сиве овие години и било какви уцени и преговори стануваат ирелевантни во моментов бидејќи Македонија чека од 2009-та година, а некој упорно не блокира. На крајот од средбата се говореше за последните избори и случувања во Македонија и притисокот кои го вршат за формирање на влада. Принципот прифатен од ЕУ во 2008-та година за коалицирање на победниците од двата блока едниот од Македонскиот и другиот од Албанскиот блок секако дека не е испочитуван и е прекршен“, изјави Милошоски.

Тој вели дека ВМРО-ДПМНЕ на СДСМ му понудило решенија едната е малцинска влада, другиот е предвремени парламентарни избори.

„Хан истовремено предложи дека дијалогот треба да продолжи и дека сите треба да ги стават интересите на државата на прво место и затоа сме свесни дека треба да се задржат интересите на државата, а не да се воведуваат туѓи платформи од туѓи држави во нашата. Она што беше спомената од страна на Хан беше и неговата загриженост за масовноста од протестите за ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА и дека тие протести би можело да донесат некакви тензии, но од наша страна беше потенцирано дека тоа нема да се случи бидејќи овој народ има своја зрелост и мотив за да го искаже своето мислење“, рече Милошоски.