Новата кампања „Јас внимавам“ на ОКТА во соработка со Министерството за внатрешни работи, е насочена кон зголемување на свесноста за подобрување на безбедноста во сообраќајот.
Секој месец ќе биде посветен на различна тема од сообраќајот со поддршка од голем број јавни личности а ќе има и награди за совесните возачи. Кампањата стартува со најчесто прекршуваното правило – учество во сообраќајот под дејство на алкохол
Дел од активностите на оваа кампања вклучува и донации на едукативни сообраќајни полигони, во повеќе од 15 основни училишта ширум земјава, изведување на театарски претстави на тема безбедноста во сообраќајот, а ќе бидат дистрибуирани и боенки со основните сообраќајни правила. Со ова директно ќе бидат вклучени и најмладите учесници во сообраќајот.
Министерство за внатрешни работи за потребите на оваа кампања ги детектираше и ги посочи најголемиот број проблеми во сообраќајот и ќе ја поддржат оваа кампања со сопствен ангажман во текот на одвивањето на сите активности.