Министерот за образование и наука, Пиштар Лутфиу присуствуваше на министерска конференција – “Обезбедување на демократија преку образованието” во Никозија – Република Кипар, организирана во рамките на Кипарското претседателство со Комитетот на Министри на Советот на Европа.
На конференцијата присуствуваа сите министри за образование на Европа и регионот при што дискутираа за суштински прашања, како што се улогата на образованието во едно демократско општество, вредностите на разновидноста и дијалогот, кризата со мигрантите и нивното интегрирање.
Министерот Лутфиу во своето обраќање истакна дека вредностите како што се демократијата, правдата, еднаквоста, одговорноста и почитта се основни уставни принципи на современите општества.
„Еден од најважните поими на социолошките истражувања е наблудувањето, анализата на вредностите во општеството, нивното влијание врз животот и културата на граѓаните во политиката и донесувањето на одлуки,“ рече министерот Лутфиу, додавајќи дека образованието има важна улога во развојот и проширувањето на основните вредности.
Меѓународните институции, потенцираше Лутфиу, спроведуваат одредени општествени вредности кои служат за изградба на едно стабилно општество.
Демократијата, рече министерот Лутфиу, е форма на владеење и начин на учествување на граѓаните особено на младите во процесот на креирање политики за вистинските вредности на отвореното општество.
„Граѓанското општество е еден од основните столбови на демократските вредности на современото општество, затоа што преку активностите има важна улога на општествените процеси со цел создавање на поволна средина за учество на сите општествени слоеви во динамиката и социјалните бенефиции,“ напомена Лутфиу, додавајќи дека Македонија е земја во транзиција со општеството за која ние се стремиме да се живее во функционална демократија, да најдеме начин за полесно интегрирање во здруженијата или евро- атлантските структури со цел на развој и стабилност.
Нашата земја, истакна Лутфиу, претставува општество составена од различни националности, култури и религии и секој ден се соочуваме со предизвици со цел да ги чуваме со гордост нашите вредности и истовремено да ги промовираме истите.
„Младите генерации треба да ги научат демократските вредности на рационалното општество, треба да учествуваат во иницијативи за унапредување на слободата и човековите права, да се вклучуваат во промените и трансформациите во општеството како и да учествуваат на донесување одлуки во локално и централно ниво“, истакна во своето обраќање Лутфиу.
Целта на демократијата, рече тој, е ограничување на власта, создавање на услови за критики и создавање на владетели. Од оваа произлегува дека демократијата е силен механизам за одбрана од злоупотребата на власта, што е од големо значење за Балканот и што треба да се идентификува од страна на младите за заштита од страна на авторитаризмот, декаденцијата, нетолеранцијата, дискриминацијата и разните фобии.
„Земјите од Западен Балкан бараат повеќе внимание, повеќе посветеност и поголема регионална соработка, со цел образовните процеси и интеграцијата да добијат вистинска насока. За исполнување на целта неопходно е инвестирање во образовните проекти кои ќе придонесуваат за интегрирање на нашата земја и подобро познавање меѓу себе“, истакна министерот Лутфиу во обраќањето пред присутните.