Светски ден за борба против туберкулозата

Светскиот ден за борба против туберкулозата се одбележува на 24 март секоја година, а претставува можност да се подигне свеста за товарот на туберкулозата (ТБ) во светот и статусот на напорите за превенција и заштита од туберкулозата. Тоа е исто така можност да се мобилизираат политичката и социјалната посветеност за понатамошен напредок во напорите за ставање крај на туберкулозата.

2017 година e втора година од двогодишната кампања „Обединети за искоренување на туберкулозата“ за Светскиот ден на туберкулозата. Оваа година, Светската Здравствена Организација е со посебен фокус кон обединување на напорите за „Да не се остави никој назад“, вклучувајќи ги акциите за решавање на стигмата, дискриминацијата, маргинализацијата и надминувањето на бариерите за пристап до нега.

Агендата за одржлив развој го опфаќа принципот никој не се остави зад себе во обид да се трансформира светот и да се подобри животот на луѓето на подобро. Обраќајќи им се на потребите за здравство на обесправените, маргинализираните, оние кои се надвор од дофатот на здравствениот систем, што ќе значи подобрување на пристапот до здравствените услуги за сите. Ова е од суштинско значење со цел да се постигне целта на крај на туберкулозата до 2030 година, како дел од целите за одржлив развој на ОН и стратегијата на СЗО за ставање крај на туберкулозата.

Светскиот ден на туберкулозата обезбедува платформа за засегнатите лица и заедници, организациите на граѓанското општество, давателите на здравствени услуги, креаторите на политиката, партнерите за развој и сите останати, да се залагаат, да дискутираат и да планираат понатамошна соработка за да се исполни ветувањето за постигнување на квалитетна превенција и заштита од туберкулоза.

WebOhrid