Кривична за овчарот од Бачишта чии кучиња го усмртија четиригодишното дете

НК КР Кичево поднесе кривична пријава против Ш.В. (49) од с.Бачишта, кичевско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешки дела против општата сигурност“ во врска со „предизвикување општа опасност“.

Пријавениот на 16.03.2017 година во с.Бачишта во близина на неговото трло со овци пуштил неконтролирано да се движат опасни овчарски кучиња, негова сопственост, кои нападнале четиригодишно дете од с.Бачишта. Детето било нападнато кога излегло само од дворот каде што живее при што се здобило со тешки телесни повреди од кои на 19.03.2017 година починало.