ОУ „Христо Узунов“ дел од акцијата Часот на планетата Земја

Со пригодни активности, денеска во ОУ „Христо Узинов“ , во организација на Општина Охрид и ЗГ „Центар за климатски промени“, се одбележа „Часот на планетата Земја“ .  

Учениците и наставниците реализира креативна работилница на која се изработуваше едукативен постер од пластични капачиња со еколошка порака и постер од кеси и колаж поврзан со темата „Да ја зачуваме планетата Земја“ на кој се испишуваа пораки од страна на децата во името на планетата Земја, а се вршеше и засадување на растенија.

На одбележувањето на „Часот на планетата земја“ , присуствуваше и заменик градоначалникот Ангел Јанев.