Министерот за образование и наука, Пиштар Лутфиу во текот на конференцијата “Обезбедување на демократија преку образованието” во Никозија – Република Кипар, организирана во рамките на Кипарското претседателство со Комитетот на Министри на Советот на Европа, оствари билатерална средба со министерката за образование и наука Лилјан Хриневич, при што разговараа за соработката меѓу двете земји во областа на образованието и науката.
Министерот Лутфиу истакна дека двете земји Украина и Македонија се земји кои имаат аспирации за членство во Европска Унија и НАТО, каде што клучен елемент за интеграција е соработката и разменувањето на искуствата во областа на образованието и науката.
Mинистерката Хриневич изрази подготвеност за соработка во заеднички проекти и за спроведување на заедничкиот Договор потпишан во 1998 година помеѓу двете земји.
Двајцата министри се договорија на создавање на комисии во насока на интензивирање на работите за реализација на прашањата кои ќе произлегуваат од Договорот за реализација на заедничките интереси како што се: организирање на заеднички конференции, финансирање на проекти во областа на високото образование и науката, интензивирање на соработката меѓу државните универзитети, различни обуки итн