Спортско едукативно дружење со охриѓани на повеќе локации во градот

Асоцијацијата на Спортови Спорт за сите – Сите за спорт по повод интернационалните денови на спорт и здравје, 6-ти и 7-ми април ( среда и четврток ) организира спортско едукативно дружење со граѓаните на Охрид на повеќе локации во градот.

„Согледувајќи ги дневно месечните активности на граѓаните на Охрид, нивното слободно време, желбата за дружење, желбата за спортско рекреативни активности, заклучивме дека повеќе од потреба е спортската рекреација, повеќе од потреба е дружењето и социјализирањето, здравјето и здравиот начин на живот. Нема посоодветен момент од деновите на спортот и здравјето за да ние ја организираме нашата прва активност се со цел да ја промовираме нашата годишна програма за рекреативно спортско дружење со граѓаните на Охрид.“- велат од Асоцијацијата.

Реализацијата на активностите е во соработка со повеќе пријатели на спортот и тоа: ЕХО фестивал (фестивал на планински филм – Скопје ), ОУ Григор Прличев, ОУ Христо Узунов, Црвен Крст Охрид, Жанко Зш Голабоски и Lounge Bar NOA.

Програма:

06. 04 ( среда )

17 часот ( ОУ Григор Прличев ) – спортско рекреативни активности, аеробик на отворено, презентација на прва помош за најмладите, фудбал, презентација на алпинистички и велосипедски вештини, таеквондо ( модератор Жанко Зш Голабоски )

19 : 30 ( Lounge Bar NOA ) – ЕХО фестивал, видео презентација на планински филм поврзани со спортски активности во планина ( модератор Игор Талески директор на ЕХО фестивалот )

07. 04 ( четврток )

11 часот ( ОУ Христо Узунов голема предавална ) – ЕХО фестивал, видео презентација на планински филм поврзани со спортски активности во планина ( модератор Игор талески директор на ЕХО фестивалот )
11 часот ( ОУ Христо Узунов Спортска сала ) – презентација на алпинистички вештини и показни вежби за алпинизам ( модератот Антонио Додески)

13 часот на Градскиот плоштад во Охрид медицинските тимови на Црвен крст Охрид ќе вршат бесплатни здравствени прегледи преку контрола на крвниот притисок, ЕКГ и шеќер во крв. Тимовите за прва помош на Црвен крст Охрид ќе вршат презентација на вештини и техники за укажување на прва помош и реанимација.
Активностите ќе бидат проследени и со промоција на производите на здрава храна од фирмата БИО КОСМОС кои ќе имаат свои штандови со производи.

Асоцијацијата на Спортови СПОРТ ЗА СИТЕ – СИТЕ ЗА СПОРТ ги поканува граѓаните на Охрид да се придружат во одбележувањето на деновите на спортот и здравјето како почеток на едно ново заедничко спортско рекреативно дружење.