Денес во ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ се одржа презентација на тема „Популаризација на воениот позив за служба во Армијата на Република Македонија“.
Презентацијата беше организирана од страна на претставници на Министерството за одбрана и припадници на Армијата, потполковник Митко Богданоски, професор во Воената Академија и капетан Жарко Блажески.
Целта на оваа презентација беше информирање на средношколците за правата, обврските, животот и работата на војниците, професионалните војници и старешините, како и зголемување на нивниот интерес за најпрво, служење на доброволен воен рок, а потоа и пријавување на огласите за професионални војници и за офицери во АРМ.