Кајакарската федерација на Македонија со најава на претстојните активности

Денес се одржа првата прес-конференција на Македонската кајак федерација на која се најавија тековните настани. На прес конференцијата се произнесоа Директорот на Агенцијата за Млади и Спорт Марјан Спасески, Спортскиот директор на Кајакарската Федерација на Македонија Атанас Николовски и раководителот на сектор спорт во Град Скопје Зоран Шишковски.

Директорот на Агенција за млади и Спорт Марјан Спасески ги соопшти тековните настани ставајќи акцент на финансиската поддршка на Агенцијата за Млади и Спорт за истите.

„Викендов сме домаќини на Европски куп во спуст 1ви април (сабота), а на 8ми и 9ти април сме домаќини на 49ти Илинденски Кајак Слалом ИКАС 2017 година. Тоа е еден од најстарите традиционални настани во Македонскиот спорт кој 49 години без прекин се одржува во СРЦ на кајакарската патека на Матка. Потоа ни следува ЕП за сениори во дисциплината спуст кое ќе се одржува од 11-14 мај во Скопје, а неизбежна е најавата на Илинденската меѓенародна регата на мирна вода во Охрид во месец Август.“ – истакна Спасески.

Раководителот на секторот спорт на Град Скопје Зоран Шишковски се заблагодари на поканата на КФМ да биде учесник на првата прес конференција, а воедно ја презентираше подршката и соработката на Градот Скопје и Кајакарската Федерација на Македонија, за тековните активности, а воедно ја посочи и поддршката на сите јавни претпријатија кои се под капата на Град Скопје и кои ќе се вклучени во организацијата на престојните настани.

Пред самиот крај на прес конференцијата збор зема спортскиот директор на Кајакарската федерација на Македонија Атанас Николовски кој го образложи техничкиот дел на организацијата ги соопшти државите кои досега се пријавени за ИКАС 2017 година, а воедно се заблагодари за подршката на Агенцијата за Млади и Спорт, Градот Скопје и сите други спонзори и помагатели на настаните на Кајакарската Федерација на Македонија.