На најдобар можен начин ќе избереме претседател на Собранието со кој ќе бидат задоволни граѓаните кои што победиле на изборите, порача Антонио Милошоски на денешната конститутивната седница за избор на претседател, заменик на претседателот, членови и нивни заменици на Комисијата за прашања на изборите и именувањата.
Вели дека мора да се почитува Дневниот ред, така како што е утврден и оти моментно најважен е квалитетот на дебатата.
„На крајот на краиштата, како што кажа еден политичар, сега е време за дебата и мислам поважен е квалитетот на дебатата и аргументите од било кое брзање. Брзањето може само да не однесе во погрешна насока. Ние од граѓаните сме избрани за максимално да ги искористиме можностите за дебата со аргументи и нормално дека тоа ќе го направиме,“ истакна Милошоски.
Укажа на потребата да се почитува дневниот ред, така како што е утврден, без како што вели, разгорување на какви било тензии и без какви било нервози и дофрлање.