Во ОУТУ „Ванчо Питошески” одржана интерактивна работилница во рамките на проектот „Популаризација на воениот позив за служба во Армија на Република Македонија” во организација на Министерството за одбрана и АРМ.
Тимот составен од професионалци од Министерството за одбрана, припадници на Армијата детално ги информираа средношколците за условите за прием во служба на АРМ, нивните обврски и придобивки. Основна цел на проектот е запознавање на младите со војничката професија, служење доброволен рок, пријавување на огласите за професионални војници и за офицери во АРМ.