Утре ќе се подигнува кабаст отпад во Пештани

ЈП „Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека утре (среда) ќе организира акција за подигнување на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.) во Пештани.

Се молат граѓаните кои живеат во овој дел, доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најкасно до 10.00 часот и претходно да го пријават во РЕ „Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од ЈП „Охридски Комуналец” благовремено да го подигнат.