Врз основа на член 9 став 2 од Законот за студентскиот стандард(„Службен весник на Република Македонија“ бр.15/13, 30/13, 120/13, 41/14,146/15 ,30/16 и 178/16), Министерството за образование и наука објавува:
Ј А В Е Н П О В И К
за пријавување за патување за најдобрите студенти од првите три најдобро рангирани високообразовни установи во Република Македонија, рангирани согласно со Законот за високото образование
1. Услов за учество:
На Јавниот повик за пријавување за патување за најдобрите студенти од првите три најдобро рангирани високообразовни установиво Република Македонија, рангирани согласно со Законот за високото образование*, право на учество имаат редовни студенти запишани на прв циклус на студии на првите три најдобро рангирани високообразовни установи, согласно Законот за високото образование, и кои последниот испит го положиле заклучно со јануарската сесија (не подоцна од 15 февруари 2017 година) и имаат просек од сите оценки над 9,50.
Студентите од точка 1 не треба да повторувале студиска година во текот на своето студирање.
Под студентите од точка 1 се подразбираат студентите кои го немаат подигнато уверението за завршено високо образование на факултетите каде што не е предвидено полагање на завршна дипломска работа или студентите кои ги имаат положено сите испити, но ја немаат одбрането завршната дипломска работа на оние факултети каде е истата предвидена со студиската програма.
2. Начин и рок на пријавување:
Студентот треба да достави потпишана Изјава за пријавување на Проектот “Патување за најдобрите студенти” со која одбира време и дестинација на наградното патување (согласно предвидените опции), чиј составен дел е и изјава за обработка на личните податоци на студентот со која се сложува Министерството за образование и наука по службена должност да ги обезбеди потребните документи од јавни институции со кои има склучено договори за соработка.
Повикот е отворен и пријавите може да се доставуваат секој работен ден до Министерството за образование и наука на следната адреса: ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр.54, 1000 Скопје, со назнака „За Јавен повик за пријавување за патување за најдобрите студенти од првите три најдобро рангирани високообразовни установиво Република Македонија, рангирани согласно со Законот за високото образование“, најдоцна до 13.04.2017 година.
3. Права и обврски
Министерството и студентот кој остварил право на наградно патување, пред реализацијата на патувањето, склучуваат договор со кои ги регулираат меѓусебните права и обврски.
Во договорот особено се уредува дека студентот само во исклучителни случаи може да го откаже наградното патување за кое е избран, и тоа во случаи на: болест, за што доставува лекарска потврда, смрт на член на потесеното семејство, за што доставува соодветен доказ, како и за други итни и неодложни работи, за што проценува и согласност дава Комисија формирана од министерот.
Студентот кој од неоправдани причини не го реализирал наградното патување за кое бил избран, средствата уплатени за патувањето ги враќа на Министерството, а доколку не ги врати, за истото Министерството против него ќе поведе судски спор.
4. Доделување на награди:
Министерството за образование и наука јавно (на својата веб страна) ќе ја објави листата на студенти на кои им е доделено наградното патување најдоцна до 30.04.2017.
5. Ненавремените и некомплетните пријави нема да се разгледуваат од страна на Министерството за образование и наука.
*Патувањето за најдобрите студенти вклучува повратен авионски билет кој го обезбедува Министерството и парични средства кои се исплаќаат на трансакциска сметка на студентот со цел покривање на трошоците за сместување и исхрана во износ од 23.443 ден. за Париз, 18.755 ден. за Венеција и 21.469 ден. за Барселона