Министерството за образование и наука објавува Конкурс за прием на ученици во јавните ученички домови во Македонија за учебната 2017/2018 година, кој предвидува вкупно 2.537 слободни места.
*Приоритет при прием на ученици во јавните ученички домови ќе имаат ученици запишани во I, II, III или IV година во државното средно училиште Спортската академија во Скопје и дисперзираните паралелки на ова училиште во другите градови во Република Македонија.
Аплицирањето се врши преку пополнување на електронска пријава поставена на интернет порталот konkursi.mon.gov.mk Потребната документација наведена во конкурсот, се доставува до Министерство за образование и наука.
*Учениците со посебни образовни потреби кои се сместуваат во домовите “Искра” Штип, “Партенија Зографски” Скопје, “Димитар Влахов“ Скопје и “Свети Наум Охридски” Скопје, не пополнуваат електронска пријава. Потребната документација ја доставуваат до министерство во рокот наведен во конкурсот.
Листата на примени ученици ќе биде објавена на веб страната на министерството, како и на огласните табли на домовите најдоцна до 24.07.2017 година.
Вселувањето на примените ученици започнува од 31 август 2017 година.