Вечерва во ОУ„Братство Единство“ ќе се реализира завршната активност од проектот „Ноќ со Ханс Кристијан Андерсен“, која ќе биде реализирана преку низа воспитно-образовни, креативни, забавни и интересни активности.
Програмата опфака забавна приредба со учество на ученици од трите наставни јазици, маскенбал, игри без граници и главната и завршна активност Читање бајки за добра ноќ и заедничко преноќување на дечињата и нивните наставници во училишните простории. Во подготовката се вклучени родителите, наставници од одделенска настава, педагошко психолошката служба, техничкиот персонал како и Црвен Крст – Охрид кои обезбедија услови за реализација на оваа активност.
Проектот се реализира во текот на целата учебна година преку разни активности. Кординатори на настанот: Муамер Доко, Јулиана Алексиоска, Наташа Илоска – дефектолог, проф. Фахрије Реџеп, Ангела Јорданоска и Мирјана Карамешиноска.