„Аналфабет“ на 7ми и 8ми април повторно пред охридската публика

Во Центарот за култура „Григор Прличев“ Охрид во петок и сабота повторно ќе биде изведена претставата „Аналфабет“ – комедија работена според Бранислав Нушиќ, во режија на Ѓорѓи Ризески.

Во улогата на Максим Благадуша е Горан Стојаноски, Никола Тодороски го глуми ликот на Митре П. Клатипатлак, Стрезо Стаматовски е Румен Вујаклија и Елизабета Стефановска како Магдалена Лапајкоска – Дупева.

Сценограф на претставата е Зоран Николовски, а костимите се на Ванчо Василев.

Картите по цена од 200 денари се пуштени во продажба. Во претставата се користат пиротехнички средства и истата не е за лица помлади од 14 години.

WebOhrid