Генералка во Лагадин

Денес екипите на „Јавна хигиена” при ЈП „Охридски Комуналец” работеа на расчистување на улиците во населбата Лагадин.

„Беа темелно исчистени улиците и тротоарите од наноси на земја и песок, и паднати лисја од дрвјата, и се беше уредно собрано и депонирано од страна на работниците.“– информираат од претпријатието.