Уште едно прво место на интернационален натпревар по пијано

Арда Мустафаоглу е млад пијанист кој учи во ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“ во Скопје. Досега има освојувано први места на бројни меѓународни натпревари во Македонија, Србија, Албанија, Бугарија, Италија како и на интернет меѓународни пијано натпрeвари …

Пијанистот Арда Мустафаоглу освои прво место на осмиот интернационален натпревар на млади музичари “Antonio Salieri” кој се одржуваше од триесетти март до втори. април во Legnago–Verona (Италија). Педесет и шест млади пијанисти од Кина, Швајцарија, Италија, Летонија, Босна и Херцеговина, Србија, Македонија и Албанија беа оценувани од интернационалното жири во состав Giorgio Lovato, Teresa Trevisan, Salvatore Spanò, Pasquale Iannone и Valentina Berman.Според оценките на жирито нашиот пијанист Арда Мустафаоглу го освои првото место во категоријата на пијанисти до петанаесет години.

Арда Мустафаоглу е млад пијанист кој учи во ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“ во Скопје. Досега има освојувано први места на бројни меѓународни натпревари во Македонија, Србија, Албанија, Бугарија, Италија како и на интернет меѓународни пијано натправари. Редовно настапува на годишните и новогодините концерти на ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“, има солистички концерти и настапува со Македонската филхармонија.