Четвртоодделенци од ОУ „Григор Прличев“ во посета на Општина Дебрца

Ученици од IV-2 одделение од ОУ „Григор Прличев“, Охрид под менторство на наставничката Фанче Наумоска во рамките на практичната настава по преметот „Општество Лоκална заедница и Лоκална самоупρава“, денеска беа во посета на Општина Дебрца.

Основците се запознаа со работата на градоначалникот Игор Трајкоски и Локалната самоуправа. Тие имаа можност преку прашања да се информираат за она што нив ги интересираше во однос на функционирањето на оваа општина.

Помеѓу другото учениците го посетија и ОУ „Дебрца“ како и непосредната околина на с. Белчишта.

WebOhrid