Започнува 5то јубилејно издание на Codefest Tech Festival во Охрид

Во Охрид започнува 5то јубилејно издание на Codefest Tech Festival, настан кој претставува прослава на технологијата, иновациите, стартапите и креативните млади. Настанот е основан и организиран од организацијата Стартап Зона од Охрид. Годинешното јубилејно издание на настанот е поддржано од Фондот за иновации и технолошки развој на Р.Македонија кој се јавува како институционален покровител и коорганизатор на настанот.

Официјалното отворање на фестивалот започнува со конференцијата Codeference, утре (7ми април), петок.

Структура и агенда на настанот:

7ми април – се одржува конференцијата Codeference од 10:30 до 18:30 часот, со многу говори и интерактивни активности. Паралелно се отвора и бизнис експото, каде ќе се претстават 10 компании и стартапи и истото е отворено сите 3 дена на настанот. Вечерта од 22:00 часот се организира забава за сите гости на Codefest во Lounge Bar NOA.

8ми април – во 10:00 часот започнува 32-часовниот Codefest Marathon. Ќе се натпреваруваат 27 тимови поделени во 3 категории: Млади (до 16 години), Студенти (од 17 години до мастер студии), и Професионалци (вработени, freelancer-и, или не било кој начин, не-студенти). Тимовите учесници на Маратонот доаѓаат од целиот регион и ќе се натпреваруваат во развој на иновативни идеи и прототипи. Паралелно со Маратонот во Вип салата на Инекс Горица започнуваат и практичните мултидисциплинарни работилници кои се бесплатни и отворени за пошироката публика.

9ти април – ќе се одвиваат финалните презентации на тимовите и нивната борба за освојување на награда на Маратонот. Потоа следува завршната церемонија на настанот со прогласување на победниците од страна на стручното жири и доделување на вредни награди. Исто и овој ден се одвиваат работилниците и е активно експото.

Фестивалот завршува во недела на 9ти април околу 17:00 часот по прогласувањето на победниците.