АХВ го одбележа Светскиот ден на здравјето

Агенцијата за храна и ветеринарство одбележувајќи го Светскиот ден на здравјето, денес, во Скопје, во градинката „Детска радост“ во Општина Гази Баба, одржа интерактивна работилница за најмладата популација насловена „Храна и здравје“. Преку слики и дискусии со децата се разговараше како безбедната храна и правилната исхрана влијаат врз здравјето од најрана возраст.

Минатата година, Агенцијата одржа 17 едукативни работилници од овој тип за најмладата популација од градинките како чувствителна популациона група.