Во ОУ „Братство -Единство“ се одржа првиот инфо ден за дете правобранител

Во рамки на редовните активности на Коалицијата на младински организации „СЕГА“ и Младински Совет Охрид, денес во подрачната зграда на ОУ „Братство Единство“ се одржа првиот од двата инфо денови за дете правобранител, предвидени за ова училиште.

Околу 50 деца од паралелките на Македонски и на Албански јазик имаа можност да се запознаат со улогата на детето правобранител како адвокат за детските права, и да дознаат повеќе за Конвенцијата за правата на детето.

Предвидено е вториот инфо ден за единствената мултиетничка образовна установа во Охрид да се одржи до крајот на месец Април, и на него да присуствуваат уште најмалку 50 ученици кои учат на Македонски и на Турски наставен јазик.

Сите овие активности се одвиваат во рамките на проектот за имплементација на Конвенцијата за правата на детето во Република Македонија, кој се спроведува веќе седма година и во кој, освен нашата општина, вклучени се и Струга, Дебар, Кичево, Тетово, Гостивар, Куманово, Кавадарци, Прилеп и Битола.