Охриѓанец и скопјанец краделе во повеќе цркви во Охрид

СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.Д. (33) во Охрид и А.С. (51) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени седум кривични дела „тешка кражба” од кои две во обид.

Во периодот од јуни 2016 година до 17.02.2017 година на подрачјето на селата Лескоец, Старо Лескоец, Горно Лакочереј, охридско, пријавените во повеќе наврати со употреба на погоден предмет извршиле тешки кражби во цркивте Свети Илија, Света Петка, Свети Спас, Свети Наум и Свети Тома, од каде одзеле околу 2.000 денари.